Ракометарите на Вардар 1961 по двомечот со Елверум во Лигата на шампионите, се насочуваат кон саботниот предизвик во СЕХА лигата.

Предводникот на црвено-црните, Стевче Алушовски посочи дека неговите ракометари се физички и психички исцрпени, имаат само малку време за подотовка за дуелот со Мотор, но тоа не сме да биде изговор за предвремено предавање.

„Мотор е квалитетен тим, кој има одлични резултати во Лигата на шампините. Игра брз и модерен ракомет со многу трчање и брза транзиција. Имаат нов тренер и нови играчи во однос на минатата година, но не сме без шанси и одиме во Запорожје да оствариме што е можно подобар резултат.“ – изјави Алушовски.

Во составот на Вардар 1961 на местото на повредениот Јагуриновски е повикан Стефан Атанасовски.

Натпреварот Мотор Запорожје – Вардар 1961 е закажан за утре со почеток од 20:15 часот.