Еурофарм Работник минимално е поразен од Спртинг во Битола на дебитанскиот настап во Лигата на шампионите.

Македонскиот вицепрвак водеше по првиот дел но пота  падна во второто полувреме, загуби со 30-29. Тренерот Стевче Алушовски не е задоволен од играта во нападот.

„Ако сакаме да играме на високо ниво во Лигата на шампионите треба да имаме многу повеќе креација во нападот. Ние тоа денес го немавме. Грешевме од чисти позиции, а тоа противникот знаеше да казни, сепак, наше е да работиме и со мирни глави да продолжиме напред и да атакуваме на првите бодови“ – изјави Алушовски по мечот.