Ракометарите на Вардар во сабота од 17:30 ќе го дочекаат Монпелје во последниот натпревар од групната фаза во ЛШ за оваа сезона. Со обезбеден пласман во осминафиналето, црвено-црните влегуваат без голем притисок но со можност со победа да дојдат до петото место, а со ова и до полесен противник во осминафиналето.

„Не очекува тежок натпревар. Нашата примарна цел е остварена со пласманот во топ 16. Знаете дека имаме краток ростер, Калараш и Горбок еба болни, не можевме да направиме комплетен тренинг. Ова нема да биде изговор или алиби. Ќе се бориме за секоја топка, ние сме европски шампиони, играме дома но ситуацијата во која е клубот не дозволува да кажам дека сме фаворити.“ – изјави тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски.

Вардар во 14 коло влегува од шестото место со 11 бода, еден повеќе има Порто кој ова голо игра кај Мешков Брест.

„Ситуацијата е таква како што е, ние играме на домашен терен со Монпелје, тие се апсолутни фаворити на овој натпревар. Наше е да дадеме се од себе и да се обидеме да ги изненадиме.“ – изјави капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов.

Вардар брка четврта победа по ред над Монпелје, на првото овосезонско соочување во Франција, црвено-црните славеа со 33:31.