Ракометарите на Вардар 1961 по еден месец пауза повторно ќе играат натпревар во Лигата на шампионите. Во четврток од 18:45 црвено-црните ќе истрчаат против Кјелце.

„Не очекува тежок натпревар со противник кој покажа најмногу од сите во нашата група. Карачиќ и Душебаев знаат како да се игра во Скопје. Очекувам неизвесен натпревар. Убеден сум дека ќе одиграме на нивото од нашите последни два натпревари дома против Фленсбург и против Порто и оптимист сум но секако не очекува тешка задача.“ – изјави Алушовски.

Вардарци се оптимисти пред дуелот со Кјелце и веруваат во нова успешна приказна.