Ракометарите на Вардар 1961 отпатуваа за Нови Сад каде што утре ќе и гостуваат на Војводина во натпревар од СЕХА лигата.

Поради репрезентативни обврски во составот на Алушовски недостигаат деветмина првотимци, па за овој меч во тимот на црвено-црните повикани се и шестмина кадети од младинскиот тим.

„Ова беше единствен слободен терним, и поради ЕХФ неделата нема да имаме повеќемина репрезентативци кои се со своите национални тимови. Знаеме дека Војводина ќе го даде својот максимум, но ние сме подготвени за тоа што не очекува, Ова ќе биде шанса за шест наши кадети да почувствуваат што значи СЕХА лигата.“ – изјави Алушовски.

Вардарци бркаат 12 победа во низа против Војводина која во досегаѓните меѓусебни пресметки со црвено-црните имат само еден триумф и тоа на гостување во Скопје во 2014 година.