Еурофарм Работник го совлада Веспрем во СЕХА лигата и со ова покажа дека има квалитет за успешна сезона и покрај лошиот влез во Лигата на шампионите.

Предводникот на тимот до Битола, Стевче Алушовски очекувано беше задоволен од триумфот и порача тој да се искористи за напредок.

„Им честитам на играчите но и на навивачите, горд сум за оваа победа над еден европски гигант каков што е Веспрем. Во Лигата на шампионите имавме неколку лоши резултати а ова денеска е како награда за тоа. Се надевам дека момците ќе почнат да веруваат во себе. Мислам дека сеуште имаат психолошка бариерата за да го дадат максимумот и искрено се надевам дека овој успех ќе ни помогне да ги постигнуваме резултатите кои се очекуваат од нас.“ – изјави Алушовски.