По мечот со Мешков Брест, за лошата денешна игра на Вардар, говореше тренерот на црвено црните, Стевче Алушовски. Тој прес конференцијата за ја започна со честитки за победникот, велејќи дека кај Вардар ќе мора нешто да се менува во иднина.

„Го отворивме натпреварот добро некаде до 5:5, имавме играч повеќе. Направивме несфатливи грешки кои по мене не си дозволиви за натпревар од Лигата на шампионите, а ни се повторува веќе неколку натпревари. Ќе мора да менуваме нешто во иднина. Пред се сакам да кажам дека не бевме на ниво на задачата во играта во одбрана, во првото полувреме кога повторно примивме 20 гола, после тоа беше многу тешко да се вратиме во натпреварот со минус осум од полувреме. Мислам дека ќе треба многу работи да се сменат доколку сакаме оваа година да се надеваме на добри резултати. Мора да гледаме напред, мора да работиме напорно, ова да биде една голема лекција за сите нас. Сакам да честитам уште еднаш, да им посакам многу среќа во осминафиналето и се најдобро“– изјави Алушовски по мечот.

Вардар групната фаза ја затвори со пораз од 36:32 од Мешков Брест и за противник во осминафиналето ќе го има унгарски Везпрем.