Вардар одигра две различни полувремиња против Елверум, но најважно е што одиграа феноменално второ, за победа 35-32, гостите имаа предност 20-17 по првите 30 минути, во вториот дел црвено-црните запишаа предност за победа 18-12.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски изјави дека екипата одиграла на потребното ниво во вториот дел.

„Лошо го одигравме првиот дел, тие го имаа извонредниот Торстен на голот. Во второто полувреме одигравме многу подобри, во последните шест минути покажавме одличен квалитет, на Елверум му посакувам многу успех во иднина“ – изјави Алушовски.