Вардар не успеа да се врати со поволен резултат од гостувањето во Португалија кај Порто, иако почетокот даде надеж дека европскиот првак и покрај проблемите повторно ќе се издигне и ќе дојде до победа. Избраниците на Стевче Алушовски имаа еден гол негатива на полувремето, но во вториот дел имаа голем пад на играта и загубија со 30-22.

Тренерот на „црвено-црните“ по мечот им честита на домаќините.

„Порто е одличен тим, а ние се бориме да ги надминеме проблемите кои ги имаме во клубот. Некои ракометари не напуштија, но се надевам дека ќе ги надминеме проблемите и дека Вардар и следната сезона ќе игра значајна улога во Лигата на шампионите. Во нашата земја Вардар е бренд, слично како и Порто во Португалија“– изјави Стевче Алушовски на прес – конференцијата.