Вардар со пораз ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите. Во Скопје, Монпелје победи со 31:27 и ги потврди проблемите со кои се соочува првакот на Европа.

„Измешани ми се чувствата, од една страна загубивме но од друга страна играчите покажаа карактер. Имаме краток ростер, ги знаете проблемите со кои се соочуваме, не сакам многу за зборувам за тоа. Дадовме максимум но Монпелје ги освои двата бода во Скопје. Сепак, горд сум на играчите, на клубот и на навивачите за тоа што го направивме.“ – изјави Алушовски.

Тренерот на РК Вардар ги потврди најавите за новите засилувања кои ќе пристигнат во „Јане Сандански“.

„Од понеделник се ќе биде поинаку. Ќе ги имаме Борко Ристовски и Марко Мишевски. Се надевам дека тие ќе ја донесат потребната свежина во екипата.“ – посочи Алушовски.

Двете нови засилувања на РК Вардар ќе може да бидат дел од ростерот на Алушовски и за натпреварите од ЛШ и за пресметките од СЕХА лигата како и за дуелите од домашното првенство и Куп.