Тренерот на Вардар 1961 Стевче Алушовски е уверен дека макеоднскиот првак не е без шанси на вечерешното гостување кај Кјелце, потенцирајќи дека е важно тимот да игра подобра одбрана од минатонеделниот пораз во Скопје.

Го чекаме реваншот со Кјелце во Полска. Ги анализиравме нивните добри страни и пред мечот во Скопје, сега имавме четири дена да видиме каде грешевме и што може да се поправи“, изјави Алушовски.

Тој, како клучна за конечниот исход ја нагласи игратта во одбраната.

Секако дека има простор за напредок посебно во нашата игра во одбрана. Знам дека нашите голмани можат многу повеќе од она што го видовме во Скопје. Очекувам еден добар натпревар во кој ќе покажеме дека не е случајност што Вардар освои три бода до сега во ЛШ и што 52 минути беше во егал со Полјаците во Скопје. Без шанси не сме сигурно“, изјави Алушовски.