Предводникот на Вардар 1961, Стевче Алушовски призна дека црвено-црните немале шанси во омсинафиналните двомеч со Веспрем.

По убедливоот пораз во Скопје од 14 разлика, Вардар 1961 денеска загуби на гостувањето кај Веспрем со 39:30 и со ова го заврши овогодинешниот настап во Лигата на шампионите на ЕХФ.

„Честики за Веспрем и пласманот во четвртфиналето. Како и на натпреварот во Скопје, тие беа подобриот тим. Ние имавме многу проблеми, особено во првото полувреме со нашата транзиција а Веспрем постигна многу лесно голови. Се обидовме со седум на шест, но во овој момент Веспрем е многу подобар тим од Вардар.“ – изјави Алушовски.

Следен предизвик за Вардар 1961 е домашното првенство и Куп.