Стевче Алушовски реши Васил Гогов да биде вториот голман на РК Вардар по Гедбан за денешната пресметка со Кил во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Во составот на црвено-црните го нема Кизиќ како и Дисингер и Шишкарев. Кај Кил очекувано недостига Лукас Нилсон кој се повреди во дресот на Шведска на ЕП.

Средбата во Германија се игра од 19 часот.  Во групата Б, Кил е прв со 16 бодови, Вардар има 9 и се наоѓа на 6. место.