Еурофарм Работник го претрпи петиот пораз во деби сезоната во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Екипата предводена од Стевче Алушовски загуби на гостување кај Татран Прешов со 31:29 по што остана на последното место на табелата во гурпата Ц.

„Ова што се случи денеска е како реприза од нашиот натпревар во Битола. Овојпат разликата беше во тоа што домаќинот најчесто водеше. Со десетина промашени зицери и многу технички грешки не може да победите тим како што е Татран Прешов. Имавме и добри моменти но во вакви натпревари мора постојано да играте добро.“ – изјави Алушовски.