Актуелниот првак во Лигата на шампионите, Вардар 1961 задутре ќе истрча на теренот на Мешков Брест во Белорусија во воведното коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Тренерот на вардарци, Стевче Алушовски е уверен дека неговите играчи се подготвени за предизвикот.

„Натпреварот против Мешков Брест е првиот од низата кои не очекуваат во Лигата на шампионите. Се што досега сработевме на контролните натпревари и на оние во СЕХА лигата беа подготовка за овој натпревар и почетокот на новата сезона во ЛШ. Јас сум задоволен од тоа како сме поготвени, Мешков е стар познаник, тим кој долги години игра на Ф4 во СЕХА а со ангажманот на Скубе добија уште еден квалитет . Тие ја имаат фаворитската улога, а од нас се очекува да ја подигнеме играта пред се во нападот. Ќе го дадеме маискумимот и мислам дека тоа ќе биде доволно за да оствариме позитивен резултат во Брест.“ – изјави Алушовски.