Стевче Алушовски по завршувањето на оваа сезона , повеќе нема да биде предводник на Вардар 1961. Предводникот на „црвено-црните“ има шанси да остане во клубот, но истовремено размислува и за други опции.

„Точно е, по завршување на сезоната повеќе нема да бидам тренер на Вардар“, ни потврди Алушовски, кој додаде: „Засега нема ништо дефинирано, сакам добро да размислам“. – вели Алушовски.

Алушовски во Вардар го наследи Едуард Кокошков во 2019 година и најголем успех му беше осминафиналето во Лигата на шампионите каде беше сопрен од Веспрем.

Секако пред да го напушти кормилото на Вардар пред Алушовски останува  битката за суперлигата  и куп титулата. Најверојатно наследник на Алушовски ќе биде Веселин Вујовиќ кој се споменува како нов тренер.