Бранителот на титулата во СЕХА лигата, Вардар денеска му гостува на Нексе во натпревар од четврфиналето.

Вардарци се фаворити за оваа пресметка и покрај сите проблеми со финансиите и заминувањето на дел од првотимците.

„И покрај сите проблеми со кои се соочуваме, ние сме актуелни шампиони и во Нашице дојдовме во полн состав. Имавме мали проблеми со Дибиров, но нема време за жалење. Нексе е добро анализиран, добро игра пред своите навивачи но јас верувам во мојот тим, сакаме да победиме.“ – изјави Стевче Алушовски.

Натпреварот во Нашице меѓу Нексе и Вардар е закажан за денеска со почетокот од 17 часот.