Еурофарм Работник запиша победа против Слога Добој на турнирот во БИХ со 26-24 но тренерот Стевче Алушовски не е задоволен од играта.

Играчите треба да веруваат повеќе во себе, напорниот период не е оправдување за слабата иггра.

„Не не преценија, ја почитуваа својата работа, не намачија, одигравме шест натпревари за шест дена , нема оправдување за ваквото издание, љут сум на играчите, тие треба да веруваат во тоа што го работат“ – изјави Алушовски.

Еурофарм Работник денеска има слободен ден на турнирот, утре се среќава со Пекинг Спорт.