Еурофарм Работник загуби минимално од Савехов во Гетеборг со 25-24, водеше по првиот дел но потоа одигра слабо во вторите 30 минути од средбата.

Тренерот Стевче Алушовски не е задоволен од играта во второто полувреме.

„Знаевме дека најголемата опасност доаѓа од Благојевиќ и Салихи, но денес Берлин ни создаде многу проблеми, ни даде многу голови од транзиција и мислам дека тоа го реши натпреварот. Гледавме пет натпревари на Савехоф, знаевме како играат, но само со една акција во вториот дел го разбија нашиот дефанзивен ѕид“ – изјави Алушовски.

Следно за Еурофарм Работни ке мечот со Металопластика во СЕХА лигата.