Македонскиот ракометен Суперлигаш, Голден Арт КЛ7 соопшти дека Андон Бошковски од денеска не е повеќе тренер на тимот кој оваа сезона за малку не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот од домашното првенство.

„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски. На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани.“– соопштија од Голден Арт КЛ7.

Според последната најава во следните неколку дена од клубот на Кире Лазаров ќе информираат кој ќе биде замената за Бошковски.