Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ од следната сезона ќе го носи дресот на црногорски Будуќност.

Србинката во моментов настапува за ЧСМ Букурешт, а дојде од редовите на Вардар со кој не успеа да се искачи на европскиот трон. Такво нешто и успеа со Унгарски Ѓер во 2013 година.

Ова значи дека најдобрата ракометарка за 2013 година повторно ќе ја дели соблекувалната со својата добра пријателка Јованка Радичевиќ, исто како што беше случај во Вардар.

Поради здравствени проблеми, Лекиќ не беше дел од српската репрезентација во декмври на Светското ракометно првенство.