Поранешната ѕвезда на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, одлучи по крајот на сезоната да стави крај на профеионалното играње ракомет.

Најдобрата ракометарка во историјата на Хрватска, моментално настапива за Сиофок, а причина за ваквата одлука е нејзиното семејство.

„Минатата сезона реков дека ќе биде крај, но ме предомислија. Сега навистина е крај, без разлика како играм, сметам дека е доста за мене како професионална ракометарка. Сакам да му се посветам на семејството“- изјави Пенезиќ.