Голден Арт КЛ7 го потврди ангажманот на Андрија Мандиќ. Македонскиот ракометар настапува на позицијата лев бек, потекнува од битолски Работник а потоа играше уште и за Еурофарм Работник, Пелистер и во Металург.

„Дваесетгодишниот битолчанец од пред неколку дена тренира со нашата екипа, а од вчера е официјално дел од семејството Голден Арт. . Мандиќ ќе биде засилување на левата бековска позиција и особено важен дел од тимот во фазата на одбрана во периодот што следи. Ангажманот на Мандиќ е во насока на давање шанса на млади, недокажани македонски ракометари да работат во висок ритам и минутажа на терен за стекнување искуство на натпреварите во сениорска конкуренција.“ – соопштија од Голден Арт.

Од клубот потврдија и дека родолжуваат со продолжување на договорите со најтелентираните ракометари од младинските и кадетски конкуренции.