Раководството на РК Вардар интензивно работи на засилување на составот за слендата сезона. Последен на листата на ракометари кои се поврзуваат со ангажман во „Јане Сандански“ е 28 годишниот Пабло Симонет.

Репрезентативецот на Аргентина игра за Сиудад Енкантада а е брат на Диего Симонет од Монпелје. Понудата веќе е испратена и големи се шансите Пабло да прифати преселба во Скопје.

Според последните информации, РК Вадар е заинтересиран и за Мартинс Соареш од Порто и за Лук Стеинс од Тулуз.