Руските репрезентативци Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони ќе го носатдресот на РК Вардар. Ова го потврдија од европскиот првак на официјалниот клупски сајт.

Горпишин е пивот а доаѓа од бундеслигашот Ерланген додека Атман може да игра како лев и среден бек а доаѓа од германски Хановер.

„Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни прпеораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секако ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина“ –  изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.