На денешната прес-конференција новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ зборуваше за утрешниот реванш дуел против Нексе во рамки на осминафиналето од СЕХА лигата.

„Ова за мене е ново искуство, нов тренерски предизвик, предизвик во прекрасна и отворена земја како Македонија. Битола е многу убав град и убаво се чувствувам. Играчите добро тренираат, фокусирани сме на Нексе и спремни сме за возвратниот натпревар. Што се однесува до првиот натпреварм имавме лош офанзивен дел, многу технички грешки и мора да се поправиме. Што се однесува до екипата, ќе бидеме комплетни. Јотиќ и Маџовски влегоа во тренажен процес по повредите и ќе се најдат во стројот“- изјави Бабиќ.

Битолчани утре ќе имаат максимална поддршка од навивачката група „Чкембари“ кои навестија незапамтена атмосфера.