Еурофарм Пелистер ќе се обиде да ја прекине низата порази од Татран Прешов во натпреварот од СЕХА лигата.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ уверува дека се свесни за квалитетот на словачкот првак но со агресивен и посветен пристап може да се дојде до позитивен резултат.

„Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, кој долго време е таму, што значи дека добро си ја работи својата работа. Во тоа не треба воопшто да се сомнева. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел.“ – изјави Бабиќ.