Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до победа во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен, па наместо на втората позиција, завршија на четвратата во групата, а тоа им го носи за противник Магдебург, кој заврши како лидер во својата група.

Сепак, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ не се предава, вели лош противник добиле Германците.

„Горд сум на моите играчи, направивме добар резултат во групната фаза и сега ни следува осминафиналето. Наш противник е тимот на Магдебург, тоа дека германскиот тим доби лош противник“– вели стратегот на Еурофарм Пелистер.