Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Европската лига на ЕХФ во Битола го пречекуваат Ним од Франција.

Французите се фаворити, но тренерот Жељко Бабиќ најави дека нема предавање, очекува натпревар со многу динамика и борба на утрешниот дуел.

Ним е класична екипа од Франција, тие се цврсти и многу брзи. Очекувам игра со многу контакти, трчање и „тепање“ на теренот. Мора да бидеме спремни на малку поинаква игра, на игра каква не сме навикнати досега во Европа. Навивачите ни се многу важни, очекувам голема поддршка од трибините. Се радувам што гостува квалитетен тим, и се надевам дека заедно со фановите ќе се радуваме на добар наш натпревар“, изјави Бабиќ.

Натпреварот во Битола се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот.