Тренерот на Еурофарм Пелистер со измешани емоции говореше на прес конференцијата по драматичниот пораз на битолчани на гостувањето кај дански Гудме од 30-29 во премиерниот настап во Лигата на Европа.

„Криво ми е што загубивме, тажен сум поради тоа, но, во исто време сум и многу горд поради начинот на кој мојот тим одигра. Момците одиграа храбро“,истана тренерот на Пелистер Жељко Бабиќ.

Имавме шанса за бод, го имавме последниот шут, но голманот на домаќините го спречи тоа. Сепак, ова беше наш прв официален меч по пауза од осум месеци и јас сум задоволен од играта. Ракометото е мојот живот, не сакам да седам дома, без ракомет и бз стрес“, додаде Бабиќ.