Предводникот на Еурофарм Работник, Жељко Бабиќ ја прифати аусајдерската улога пред утрешниот дуел со Рајн Некар Левен во Европската лига.

Хрватскиот тренер тврди дека поради Ковид-19 проблемите, играчите не се во топ форма и се уште не се воиграни доволно но е задовлен од нивното ангажирање.

„Што се однесува до натпреварот во Германија, Рајн Некар Левен е фаворит, силна екипа и лидер во Бундеслигата. Но, јас се радувам на натпреварот, нам ни е страшно важно да играме, не треба да заборавиме дека сме потполно во контра ритам. Немаме натпревари, не трениравме и нам сè ни е добро, без разлика што Рајн Некар Левен е силен тим..Се надевам дека ќе одиграме како и секогаш цврста одбрана. Притисокот мислам дека нема врска ни за нас, ни за нив. Треба да бидеме опуштени за да го дадеме максималниот потенцијал. Но, верувам дека притисокот нема врска и секој ќе го даде максимумот.“ – изјави Бабиќ.