По осум месеци пауза, Еурофарм Пелистер повторно ќе одигра официјален натпревар. Предводникот на битолчани, Жељко Бабиќ верува дека и покрај сите проблеми со подготовките неговите ракометари се подготовени за утрешното соочување со Гудме во Европската лига на ЕХФ.

„Помина долго време од нашиот последен официјален натпревар. СЕХА не започна во терминот кој го очекувавме, исто така поради коронавирусот не го одигравме ниту првиот натпревар во Европската лига. Затоа беше многу тешко да се задржи фокусот, особено за нас тренерите кои моравме да наоѓаме начини како да не се почувствува тоа отсуство на натпревари. Верувам дека добро сме подготвени и спремни сме да играме европски ракомет“ – вели Бабиќ.

Гудме игра брз ракомет и тоа е нивниот основен квалитет.

„Гудме е одличен тим, моментално е лидер во Данска Доколку ја имаме контролата на топката, ако имаме контролирани шутеви, во тој случај ќе ја забавиме нивната игра и ќе можеме да се поставиме во одбрана како што посакуваме.“ – објаснува Бабиќ.