Одлуката на Ѓорѓи Начевски да му досуди чекори на Игор Карачиќ во решавачкиот момент од средбата, дигна многу прашина, особено во Хрватска.

Но, таа одлука е чиста како солза, а во тоа се увери секој што ја видел снимката за време на хрватскиот тајмаут.

Затоа, според реномираниот ракометен портал „Балкан Хандбал“, токму судиите Начевски и Николов беа најдобриот дел од финалето.

„Одлуката е чиста како солза, но во тој момент требало да се биде максимално сконцентриран за да се забележи „ситниот танец“ на Карачиќ, а треба да се има и огромна храброст и одговорност за да се досуди тоа, особено што знаеш дека директно ќе влијае на финалето на ЕП. Во дуелот на две изморени репрезентации, најдобар дел од финалето беа судиите Начевски и Николов“, пишува Жика Богдановиќ.