Тимот на Давид Писонеро не личеше на оној од кого се очекува да биде барем на приближно ниво од минатосезонскиот, кој направи чудо и ја освои Лигата на шампионите во Келн, пишува ракометниот портал “Балкан Хендбол” во текстот по денешниот убедлив пораз на “црвено-црните” од Кил.

Во последните 15 години никој не го декласирал Вардар на домашен терен, уште од времето кога салата “Кале” беше нивен дом.

Порази на Вардар на домашен терен од 1995 година:

1.Барселона 12:26 (сезона 04/05)

2.Кил 23:33 (сезона 09/10)

3.Гумербах 29:38 (сезона 10/11)

4.Металург 18:26 (сезона 13/14)