Македонија не е единствената земја која доаѓа од Балканот а имаше лош настап на Светското првенство во Египет.

За прв пат по 24 години, меѓу најдобрите осум селекции во битката за мундијалското злато нема ниту една од Балканот.  Хрватска не успеа да ја скористи шансата против Данска за пласман во четвртфиналето, Словенија исто така не успеа да се пласира во нокаут – фазата додека Македонија треба да е среќна што се врати дома барем со една победа по шест меча во Египет.

Последен пат во 1997 година на СП во ракомет мажи ниту една репрезентација не избори пласман во четвртфиналето.

Оваа фаза на Муднијалот во Египет е закажана за утре, во петок ќе се игра полуфиналните пресметки а во недела финалето.