Ракометната федерација на Македонија денеска одржа редовно годишно собрание, федерацијата работи позитивно, но дел од претставниците на клубовите бараат двете наши екипи кои играат во СЕХА да бидат дел и од домашното првенство.

Вардар и Еурофарм Пелситер, настапите во домашниот шампионат ги започнуваат во плејофот од Суперлигата, сега има барање да почнат со настапи и во домашниот шампионат.

Донесен е заклучот, по завршувањето на сезоната,  да се состави комисија на клубови од Суперлигата кои ќе разговараат за овој предлог..