Македонскиот капитен Кирил Лазаров вечерва доживеа убедлив пораз со неговиот Нант  во пресметката со Барселона од 35-27 во рамки на третото коло во ракометната Лига на шампиони.

Барселона овој пат беше преголем залак за францускиот тим, кој не успеа да приреди уште едно изненадување по триумфот над Кил минатата недела, и го запиша вториот пораз.

Лазаров имаше девет обиди кон противничкиот гол и постигна четири голови.