Екипата на Барселона во наредните неколку дена се очекува да го доведе ракометарот на Килце Блаж Јанц.

Јанц игра на десната крилна позиција, а според шпанските медиуми пишуваат дека деталите се договорени и дека се чека потврда за должината на соработката. Јанц неколку години е желба на „каталонците“, но полскиот гигант не сакаше порано да размислува за негова продажба.

Словенецот во својата кариера има неколку индивидуални признанија меѓу кои  беше избран за најдобро десно крило на ЕП под 20 години во Австрија 2014 година и на У19 СП во Русија, една година подоцна. На Светското првенство Јанц беше најдобар стреелц со 69 погодоци, и беше најзаслужен за сребрениот медал на Словенија.