Ракометарите на Белорусија испуштија победа против Шведска, во еден момент водеа против „трите круни“ со 8 разлика, на крај се спасуваа од пораз, средбата заврши без победник 26-26.

Ова беше последен натпревар од групата 4  на Мундијалот денеска, Шведска во финишот направи пресврт и стигна до водство26-25, клучниот гол за Белорусија го постигна Јуринок  и донесе бод за својата репрезентација.

Шведска е прва во нашата група, со бод повеќе од Египет и Словенија, Македонија е последна без бодови.