Следниот противник на РК Вардар во Лигата на шампиони, тимот на Кил со голема самодоверба влегува пред мечот во Скопје, откако славеа во Бундеслигата убедливо против Нордхорн.

Еден од носителите на играта на „зебрите“ австрискиот лев бек Никола Билик е свесен дека ќе имаат тешко гостување пред полни трибини во СЦ „Јане СанданскИ“ каде што атмосферата е секогаш одлична.

„Ова ќе биде натпревар на едно високо ниво во една неверојатна сала. Навивачите на Вардар се неверојатни. Победата во Супер Глоуб купот не треба да не залажува, бидејќи тогаш двата тима не беа во полна натпреварувачка форма– вели Билик.

Вардар во сезоната  2017/18  го елиминираше Кил во четвртфиналето  поради постигнат гол повеќе на гости и се пласираше на Фајнал фор турнирот.