Битолчани мислат и на својот втор тим, Еурофарм Пелистер доби четири одлични засилувања за новата сезона.

Во битолскиот тим ќе играат поранешниот репрезентативен голман Благојче Трајковски, левото крило Цветан Кузманоски, кој настапи на последното Светско првенство за Македонија во Египет, како и крилото Милан Ѓукиќ и Андре Буторац.

Првите тројца остануваат во Битола, односно во вториот тим се прекомандувани од првиот на Еурофарм Пелистер.

Буторац пак доаѓа од тимот на Голден Арт КЛ7, ова за него е враќање во клубот каде ги имаше првите сениорски минути.