Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го пречекуваат Тримо Требње од Словенија, екипата од битола иматри порази на четири средби сезонава во Евроа лигата на ЕХФ, потребна е победа за враќање на самодовербата.

Бојан Маџовски смета дека утрешната средба е шанса за враќање на самодовербата, средбата се игра од 20-45 часот.

„Можам да ви кажам дека во Словенија одигравме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, имавме голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива натпревар. И минатата, а и оваа сезона се соочуваме што и на добиени натпревари, не ги освојуваме бодовите. Веруваме дека и тоа ќе го надминеме. Го оставаме последниот натпревар зад нас, се спремаме и во вторник се надеваме дека ќе излеземе како победници. Ни треба една победа да се крене екипата, да ја врати самодовербата. Иако можам да кажам дека атмосферата е добра во клубот, тренираме и се спремаме одлично, но ни треба таа една победа да ја вратиме самодовербата“ – изјави Маџовски.