Македонкиот ракометен првак Вардар 1961, денеска од 20:45 во „Јане Сандански“ го пречекува Кил во 6 коло од групата А во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Борко Ристовски се враќа во составот на Вујовиќ додека кај гостите недостигаат Сагосен и Вајнхолд.

По двата порази по ред во елитата на Европа, црвено-црните денеска ќе ја бараат третата овосезонска победа,  против екипата која на последните четири соочувања со вардарци запиша триумф.