Вечерва сите очи на љубителите на ракометот во Македонија ќе бидат вперени кон Битола, каде Еурофарм Работник ќе се обиде да ја надополни негативита од три погодоци од првиот осминафинален меч против Нексе во рамки на СЕХА лигата.

Раководството на Битолчани излезе со соопштение дека карти за вечерашниот натпревар веќе нема што е доволна назнака каква ќе биде атмосферата во најракометниот град, Битола.

„Почитувани љубители на ракометот, ве информираме дека сите билети за натпреварот помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Нексе СЕ ПРОДАДЕНИ. Карти за продажба на билетарата на денот на одигрување на натпреварот НЕМА ДА ИМА. Влез во салата на денешниот натпревар е можен само со единечни карти (купени on-line или на продажните места) и блок картите за натпреварувачката 2019/20 година.

Полусезонските карти кои беа поединечно за натпреварите од СЕХА или ЛШ нема да важат. Сите седиште во салата се нумерирани, на картите исто така е означен редот и бројот на седиштето. Согласно правилата за организирање на натпревар во СЕХА лигата, во салата не може да се влезе без валиден билет и нема да биде дозволено стоење или седење на скалите.

Доколку во салата има љубители на ракометот кои немаат валидна карта истите ќе мора веднаш да ја напуштат салата. Управата на клубот е уверена дека со истакнување на европски манири на секој од присутните во салата и гласното и цивилизирано бодрење на нашиот клуб во текот на целиот натпревар, ќе се пласираме во натамошната фаза од СЕХА лигата и ќе потврдиме дека спортската сала Боро Чурлевски е европски ракометен храм во најракометниот град “- Битола“-стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Мечот започнува од 20:15 минути.