Во последниот натпревар од меѓународниот турнир на кадетски репрезентации, во Автокоманда се сретнаа ракометарите на Македонија “А“ и на Македонија “Б“.

Видовме одличен натпревар, со многу пресврти и борба, кој заврши со израмнети 22:22. Сепак, се чини дека повеќе ќе жалат кадетите на Македонија “Б“, кои во поголем дел од средбата имаа константно водство.

Водеа и со четири гола разлика на само неколку минути до крајот, но не го издржаа притисокот и примија четири невозвратени гола, за конечни 22:22.

Сепак, и ова поделба на бодовите и одговараше на Македонија “Б“, бидејќи турнирот го заврши на второто место, за разлика од Македонија “А“, која е претпоследна.

Ова го стaва на слатки маки селекторот Никола Матлиески, кој можеби ќе направи рокада на ракометари од едната во друга наша селекција.

Конечен пласман на турнирот:

1. Србија

2. Македонија “Б“

3. БиХ

4. Македонија “А“

5. Бугарија