Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ќе земе учество на „Balkan Men`s Yоuth Championship 2019“, турнир кој ќе се игра во Бугарија.

Брестовац повика 19 ракометари кои треба да се појават на првиот собир на 7 октомври во СС „Мајка Тереза“ во Скопје.

На шампионатот кој ќе се игра во салата „Нервокоп Арена“ во градот Гоце Делчев учество ќе земат и селекциите на Турција, Косово, Црна Гора и домаќинот Бугарија.