Селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац причините за поразот од Белорусија ги гледа во големиот број грешки во втрото полувреме и повредите.

Брестовац потенцира дека не мислеле на конечниот пласман, играле на победа, но не успеале во остварување на целта.

„Тежок  меч, ние направивме многу грешки во вториот период, имавме многу повреди. Ова се причините зошто загубивме. Игравме на овој натпревар  да победиме, сакавме победа, не се грижевме за финалниот пласман“ – изјави Брестовац.

Македонија Мундијалот го заврши со само една победа против Чиле.