Македоската кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Мундијалот во Скопје откако ја совлада Нигерија но играта која ја прикажа беше под очекуваното ниво.

„Ова е многу далеку од нашиот вистински капацитет. Имаме некоја блокада која не можам во овој момент да ја објаснам. Но победа си е победа и сега е најважно да се фокусираме за натпреварот со Бахреин.“ – изјави селекторот Данило Брестовац.

Нашата репрезентација по две кола на СП во Скопје има скор од една победа и еден пораз.