Македонската ракометна репрезентација е во фаза на подмладување, сериозни промени и епизода која треба да донесе подобра иднина.

Селекторот Данило Брестовац предупреди дека третманот кој го имаат македонските ракометари во македонските клубови мора да се промени ако сакаме ракометна иднина.

Воедно Брестовац тврди дека во следниот период Македонија ќе се соочи со непосакувани резултати, а тоа веќе се случува на СП во Египет.

Физичката подготовка ни е проблем. Тоа е причината поради која сме добри на почетокот од натпреварите но потоа паѓаме и почнуваат грешките. Таквата состојба на ракометарите ме принудува да правам ротации во текот на целиот натпревар. Ако играме цело време со искусните можеби нема да загубме со толку голема разлика, но повторно ќе бидеме поразени. Нема да биде поразлично и против Русија и Белорусија. Ќе ги загубиме и овие натпревари но тоа е данокот кој треба да го платиме во овој процес. И ако мислите дека ова се најтешките денови на репрезентацијата, се лажете, тие допрва ќе дојдат кога ќе престанат да играат Лазаров, Стоилов, Пешевски, Митревски.“ – изјави Брестовац.

Македонија утре во второто коло од групната фаза на СП во Египет ќе игра против Русија во терминот од 15:30.