Македонската репрезентација го освои 13 место на Мундијалот во Скопје за ракометари до 19 години. Победата над Аргентина го заокружи настапот на нашата селекција на ова СП.

Селекторот Данило Брестовац смета дека пласманот е реален а целта била исполнета со учеството во осминафиналната рунда.

„Ни недостасуваше борбеност и креативност во нападот. Не е дека момците немаа желба но имаа некаква блокада. Сепак ова 13 место мислам дека е реално.“ – изјави Брестовац.

Предводникот на нашата репрезентација одговори на критиките со кои се соочува деновиве на социјалните мрежи.

„Ме напаѓа поранешен ракометари, тренер затоа што син му не го викам во репрезентацијата. Неговиот син е на поширокиот список но сметам дека не е сега за во тимот. Тој може да ме напаѓа, има и други кои го прават тоа. Не заслужуваат да реплицирам на пораките на сите работи кои ги читам на интернет. Тоа не е мој стил.“ – посочи Брестовац.

Селекторот на младинските но и на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, Брестовац истакна дека не размислува за оставка.